fbpx

МНР: Македонските граѓани во Турција се безбедни

-

Македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција се безбедни и засега не е регистриран ниту еден повреден или загинат македонски граѓанин, информираат од Министерството за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, остварил телефонски разговор со неговиот турски колега, Мевљут Чавушоглу, кој му потврдил дека турските власти работат на враќање на редот и на мирот во Турција и дека наскоро ќе бидат отстранети сите можни закани.

„Во разговорот, Попоски истакна дека Република Македонија најостро ги осудува сите акти на насилство и на терор и изразува поддршка на демократски избраните институции. Воедно, изрази и сочувство до семејствата на сите загинати и/или повредени во вчерашните настани во Турција. Министерството за надворешни работи продолжува континуирано да ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, како и со соодветните институции од земјите во регионот, за обезбедување соодветни информации за македонските граѓани“, се вели во соопштението од МНР.

Од министерството известуваат дека е забележан застој во движењето на бугарско-турскиот и на грчко-турскиот граничен премин, а не се реализираат ниту авионските летови на релација Скопје – Истанбул.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...