fbpx

ММФ: На Атина ѝ требаат многу повеќе пари од актуелната процена

-

Mеѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека европските кредитори на Грција ќе мора да ѝ обезбедат „многу повеќе“ средства отколку што покажуваат сегашните процени, кои се неопходни за отписот на долгот, а кој е потребен за да се стабилизира финансиската состојба на земјата.

ММФ во новиот дополнителен извештај за нивото на задолженост на Грција, исто така наведува дека имајќи ги предвид значајните ризици од влошувањето на ситуацијата, на Грција можеби ќе ѝ бидат потребни околу 86 милијарди евра, колку што е вредноста на третиот пакет помош за таа земја.

Но, должничкото оптоварување на Грција следната деценија ќе биде многу поголемо отколку што се проценувало пред само две недели, пред Грција да ги затвори банките и да ги воведе мерките на контрола на капиталот.

Новите прогнози на ММФ се дека долгот на Грција следната година ќе се зголеми на 200 проценти од БДП, наспроти предвидени 177 проценти од БДП од претходната прогноза. Тоа се должи на фактот дека во оваа година Грција повторно ќе биде во рецесија.

Прогнозата за 2020 година покажува дека нивото на долгот ќе биде 170 проценти од БДП, додека претходната прогноза изнесувала 142 проценти.

Имајќи ги предвид ваквите податоци за Грција, покрај новата финансиска помош, ќе ѝ биде потребен и поголем отпис на долгови, смета ММФ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...