fbpx

Милошоски: Заев ја продолжува кризата и се обидува насилно да ја преземе власта

-

Речиси две недели по изборите, кога сите граѓани ги знаат изборните резултати, Зоран Заев сè уште се обидува да манипулира, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција.

– Не дека Заев не знае кој победи, а кој ги изгуби овие избори, тој многу добро знае, но претпоставуваме дека некој од горе, како што тој комуницира во своите СМС-пораки, му наложил така да се однесува. И тоа што се повикува на некаков црн 24 декември, на некои поранешни кризни ситуации, само е показател дека целта на Заев е со своето дејствување да продолжи да ја одржува во живот кризата во Македонија, која тој ја создаде – изјави Милошоски.

Тој додаде дека „тоа што аболираниот Зоран Заев се обидува да го спроведе во моментов е истото сценарио од пред две и пол години, а тоа значи насилно преземање на власта без признавање на волјата на народот и доаѓање до функциите по секоја цена“.

– Се обидуваат и со некои прегласувања да изманипулираат или да создадат услови за фалсификување на волјата на народот, но ВМРО-ДПМНЕ е сигурна дека и народот во Теарце, без разлика на нашиот политички став, е позрел од господинот Заев и ќе го победи и таму каде што треба да се прегласува – додаде Милошоски.

Денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги повика албанските партии да не коалицираат со Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...