fbpx

Милошоски: Заев е фатен во криминал и го прекрши Договорот од Пржино

-

Зоран Заев повторно е фатен во криминал, а сведок за тоа е целокупната македонска јавност, изјави на прес-конференција членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој го обвини лидерот на опозициската партија дека го прекршил Договорот од Пржино.

– Ветувавте дека само Вие имате пристап до материјалите и дека Вие сте гарант за приватноста на граѓаните чии разговори нелегално ги поседувате. Господине Заев, Вие повторно излажавте. Материјалите не ги предадовте на Специјалното јавно обвинителство кое беше формирано по барање на СДСМ, туку тие се најдоа во рацете на криминалци – рече Милошоски, додавајќи дека медиумите објавиле оти кај лицата осомничени за фалсификување лични карти се пронајдени повеќе од 70.000 приватни разговори.

Милошоски истакна дека техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, сакал да ја забави истрагата за лични карти.

– Јавноста знае дека оваа „фабрика за афери“ на СДСМ подготвувала и лажни пасоши и лажни сметки и монтирани разговори и низа други конструкции со кои Вие требаше да излегувате да напаѓате и да дискредитирате во предизборниот период. Благодарение на професионалците од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство, Вашите намери се осуетени и пресретнати – рече Милошоски, додавајќи дека правдата во Република Македонија можеби е побавна, но не онолку како што би сакал Спасовски.

Милошоски порача дека сите граѓаните на изборите во април ќе ги казнат сите што се обидуваат да си играат со трпението, интелигенцијата и со волјата на народот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...