fbpx

Заев: Ќе се појавам пред Анкетната комисија откако Груевски јавно ќе сведочи

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека ќе се појави пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето откако премиерот Груевски јавно ќе сведочи.

Во врска со скандалот со фалсификуваните лични карти, Заев потсети дека тие се издадени од 2009 до 2014 година и истакна дека истрагата треба да потврди за која намена и за која цел се правени. Тој потврди дека фотографијата со осомничениот за фалсификуваните лични карти е направена во неговата партиска канцеларија, но додаде дека и Груевски е осомничено лице, па и со него седи и разговара.

Лидерот на СДСМ, исто така, истакна дека материјалите што ги поседуваат ќе бидат доставени до Специјалното обвинителство кога ќе бидат исполнети условите за нивното безбедно чување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...