fbpx

Милевски: Ако општините набавиле возила за луксузирање, тогаш тоа е за осуда

-

Со ребалансот на буџетот нема да се намалат средствата за регионален развој. Оценката е дека ковид кризата се одрази врз работењето на општините, поради што намалена е наплатата на даноци и приходите на јавните претпријатија. Ова од Штип денеска го кажа Горан Милевски, министер за локална самоуправа, кој очекува Собранието да го изгласа ребалансот со непромената ставка.

„Ние се бориме да ги зголемиме тие средства, бидејќи евидентни се последиците на ковид кризата врз општините и навистина е неопходна државната помош, ако сакаме локалната самоуправа да ги реализира своите проекти, со цел задоволување на граѓанските потреби“ изјави Милевски.

Според анализата на министерството, во одредени општини има намалување на приходите, пред сè на јавните претпријатија и до 30 отсто. Министерот Милевски рече дека и во овие ситуации со намалени приходи, општините се потрудија да набават опрема за настава на далечина за општинските училишта.

Милевски одговори и на прашањето за набавка на возила од страна на општините во вредност од над два милиони евра, што во својата анализа го констатира Центарот за граѓански комуникации.  

„Не знам за какви возила станува збор, под возила се и санитетски. Ние имаме дадено согласност за набавка на санитетски и противпожарни возила. Ако се набавени возила за инспекциите, тоа е во ред, меѓутоа, ако биле за луксузирање на градоначалниците, тоа е за осуда“, кажа Милевски.

Министерот заедно со претставниците на швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), денеска се во Источна Македонија, во обиколка на проектите финансирани со швајцарски донации.   

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...