fbpx

Меркел: Вложете ги сите напори за мир во Сирија

-

Сите напори мора да бидат вложени во обидот да се обезбеди мир во Сирија, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, на конференцијата за новинари по состанокот со ирачкиот премиер, Хајдер Абадиј.

– Меѓународните околности во врска со Ирак се многу комплицирани и поради тоа се сложивме дека е неопходно да се вложат сите напори денеска во Минхен да разговараме за иднината на Сирија и да придонесеме за мир во регионот – изјави Меркел.

Министрите за надворешни работи на 17 земји-членки на контакт-групата за Сирија се собраа во Минхен во обид да го покренат сирискиот мировен процес, а домаќини на состанокот се американскиот државен секретар, Џон Кери, и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Сирискиот мировен процес е на граница на пропаѓање, додека на Европа ѝ се заканува уште еден голем прилив на бегалци откако десетина илјади Сиријци се наоѓаат на турската граница.

Русија предложи примирјето во Сирија да стапи на сила на 1 март, но Вашингтон верува дека Москва со тоа си дава себе и на сириската влада три недели за да се обидат да ги уништат умерените бунтовнички групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...