fbpx

Меркел: Германија никогаш нема да го заборави нацистичкиот ужас

-

„Германија никогаш нема да ги заборави незамисливите ужаси што ги извршија нацистите во концентрационите логори“, изјавила денеска германската канцеларка, Ангела Меркел, на одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Дахау, во близина на Минхен.

Во својот говор, пред околу 120 лица од 20 земји, кои го преживеале ужасот на логорот, и пред шестмина американски војници кои учестувале во неговото ослободување, Меркел рекла дека Дахау и другите концентрациони логори се трајни сведоци на бруталноста на нацистичкиот режим.

Концентрациониот логор Дахау, кој е само еден од 15.000 логори на Рајхот во окупираната Европа за време на Втората светска војна, нацистите го основале во 1933 година, веднаш по доаѓањето на Адолф Хитлер на власт. Во моментот кога бил ослободен од американската војска, во него имало околу 200.000 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...