fbpx

Меморандум и Договор со Зелениот климатски фонд: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со климатските промени

Со потпишувањето на овие два документа се зацврстуваат основите за ефикасно проширување и продлабочување на соработката на Северна Македонија со Зелениот климатски фонд во насока на зајакнување на капацитетите за прилагодување, ублажување и спротивставување на климатските промени

-

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи Бујар Османи, во придружба на владиниот генерален секретар Методија Димовски денеска потпишаа „Меморандум за разбирање“ и „Договор за привилегии и имунитети“ со извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Мафалда Дуарте.

Како што соопштија од Владата, договорите што биле потпишани во седиштето на Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Обединетите нации ќе овозможат Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија да се одржи во земјава во март следната година, под покровителство на Зелениот климатски фонд.

Со потпишувањето на овие два документа се зацврстуваат основите за ефикасно проширување и продлабочување на соработката на Северна Македонија со Зелениот климатски фонд во насока на зајакнување на капацитетите за прилагодување, ублажување и спротивставување на климатските промени.

„По овогодинешното 78 Генерално Собрание на ОН и Самитот за одржлив развој и очекуваниот состанок на Зелениот климатски фонд во Германија, за финансиски заложби од развиените земји, стратегискиот поглед на светските лидери на економскиот развој ќе биде во фокусот на Целите за одржлив развој и климатска акција. Во овој контекст поддршката од Зелениот климатски фонд станува значајна во напорите за приближување на Северна Македонија кон остварување на овие цели“, велат од владата.

По потпишувањето на договорот и меморандумот, вицепремиерот Битиќи и министерот Османи со Дуарте зборувале за проектите кои се финансирани и од Зелениот климатски фонд за што се обезбедува и дополнителна финансиска поддршка за нивно успешно имплементирање, а како примери ги навеле формирањето на Национален фонд за енергетска ефикасност, изградбата на пречистителна станица за градот Скопје, енергетската ефикасност на згради, како и заедничките напори за одобрување на проектната апликација за Национален план за адаптација.

Вицепремиерот Битиќи информирал и дека во рамки на Проектот за подготвеност е инициран процес за акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој, како национално тело за директен пристап до средства од Зелениот климатски фонд.

Министерот Османи, пак, рекол дека зајакнувањето на капацитетите за ублажување и прилагодување кон климатските промени, останува врвен приоритет за земјава, а последните глобални временски непогоди, кои резултираа со голем број на жртви, повторно потсетиле дека треба сериозна посветеност кон постојана заштита на природата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...