fbpx

Меѓународен металуршки конгрес се одржува во Охрид

-

Домашни и странски претставници на научната јавност од 15 земји учествуваат на денешниот седми Меѓународен металуршки конгрес: „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“, кој денеска почна во Охрид.

Во согласност со програмата на конгресот, во организација на Здружението на металурзи на Македонија и на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи тркалезна маса за металниот сектор на тема „Металургијата во регионот на Југоисточна Европа – актуелни состојби и развојни перспективи“.

На овој настан ќе се разгледаат состојбите во овој комплекс низ призмата на актуелните случувања на глобален план, можностите за унапредување на соработката, размена на знаења и искуства за оваа индустрија да прерасне во движечка сила на економијата во регионот.

Иако активностите во металуршкиот сектор подолг период се одвиваат во услови на глобална економска криза, што резултира со речиси преполовени резултати во однос на резултатите од пред кризната 2007 година, сепак во рамките на нашата национална економија металургијата останува најзначајниот индустриски сектор и најголем нето-извозник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...