fbpx

Заев се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер, со која разговарал за актуелната политичка криза во Македонија и за излезните решенија.

– Потребно е што поскоро да се организира влада според предвиденото во Договорот од Пржино, која преку прецизни рокови ќе може да ги обезбеди потребните услови за фер и регуларни избори во Македонија. Тоа се, пред сè, утврдување на избрачкиот список и објективно медиумско известување. Со политичка волја, ова е практично изводливо за кратко време, со што изборите би можеле да се одржат наесен. На граѓаните им е потребна стабилна и чесна влада, избрана на веродостојни избори – рекол Заев.

На средбата се разговарало и за Специјалното јавно обвинителство и за барањето на СДСМ Уставниот суд да се изјасни за неговата уставност.

Претседателот Заев и белгиската амбасадорка заеднички констатираа дека граѓаните на Македонија заслужуваат подобар живот, а Република Македонија место во ЕУ и во НАТО, поради што секој треба да го понесе својот дел од одговорноста на тој пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...