fbpx

Медведев: Терористички напад е можна причина за падот на авионот

-

Рускиот премиер Димитри Медведев изјави дека не се отфрла можноста дека терористички напад е причината за падот на рускиот авион во Египет, при што 224 лица го загубија својот живот.

– Можноста дека тоа беше терористички чин, очигледно останува евентуално објаснување за она што се случи – рече Медведев.

Како што наведе рускиот премиер, тоа е и причината да се донесе одлуката за суспендирање на руските летовите за Египет.

Медведев е првиот висок руски претставник кој не ја отфрли можноста терористички напад да е причина за падот на авионот.

Претседателот Владимир Путин во петокот нареди запирање на сите летови на руските авиокомпании за Египет од безбедносни причини, а забраната нема наскоро да биде укината.

– Потребно е време да се осигури безбедноста за руските граѓани повторно да можат да одат на одмор во Египет – рече Медведев и додаде дека руските власти и понатаму се ангажирани околу враќање на руските туристи од Египет.

Од петокот до денеска Русија со повеќе од 100 летови донесе околу 25.000 туристи дома.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...