fbpx

Матурантите со повисок просек од минатата година

-

Просечната оцена од полагањето на осмата државна матура, за 2014/2015 година во јунската сесија, по сите предмети и во сите средни училишта во Република Македонија е 3,37, соопшти денеска директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Мируше Ахмети.

Годинешната просечна оцена е повисока од минатогодишната, кога средниот успех беше 3,11.

Според обработените податоци, по предметот мајчин јазик и литература средната оценка е 3,47, математика е 3,19, англиски јазик – 3,10, а кај другите три странски јазици има изнесува 3,54.

Годинава, за разлика од претходните години, кога прелиминарите резултати беа објавувани со просечните оцени за секој јазик одделно, ДИЦ ги објави вкупните просеци за мајчините јазици (македонски, албански и турски) и за странските јазици, освен англиски (француски, германски и руски).

Според резултатите, кај другите предмети средните оцени се: филозофија 3,67; естетика 3,81; бизнис 3,43; хемија 3,50; биологија 3,64; физика 3,44; историја 3,52.

Од ДИЦ соопштија дека прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 14 јули напладне, кога почнува и рокот за поднесување приговори, кој ќе трае три дена.

Во јуни на државната матура биле пријавени 52.090 кандидати по сите предмети. На тестирањата учествувале 49.861 кандидат, а отсуствувале 2229.

Учениците што отсуствувале, не положиле или не положиле во целост, ќе имаат уште една шанса во август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...