fbpx
Таг: ДржавнаМатура

таг: ДржавнаМатура

Средношколците до Адеми: Од Вас зависи дали повторно ќе ги испразниме училишните клупи

„Се вративме на улиците затоа што Вие не сакавте да се вратите на преговорачката маса. Од Вас зависи дали повторно ќе ги испразниме училишните клупи и дали повторно ќе се вратиме во паркот отспротива“, му порачаа средношколците на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на протестот против лошите реформи во образованието кој заврши пред Министерството. - Министре, видете нè,...

Денеска средношколски протест под мотото „Борбата продолжува“

„Средношколски пленум“ под мотото „Борбата продолжува“ денеска ќе одржи протест против, како што велат тие, лошите реформи во образованието. Протестот ќе започне во 12.30 часот пред фонтаната во Градски Парк по што средношколците ќе се упатат кон Министерството за образование и наука. Средношколците бара укинување на екстерното тестирање, државната матура да се полага следните четири години по стариот концепт, а за новиот...

Средношколците в среда на протест

„Средношколски пленум“ за среда најави протест бидејќи, како што велат, надлежните не ги слушаат нивните барања за промени што ќе го подобрат образованието. Средношколците бараат нов концепт за полагање државна матура и укинување на екстерното тестирање. Протестот ќе почне во 12.30 часот пред фонатата во Градски парк, по што средношколците ќе се упатат кон Министерството за образование и наука. „Летото помина, учебната...

„Средношколски пленум“: И оваа година ќе се бориме против лошите реформи

Неколку стотини средношколци се собраа на првиот школски ден пред Министерството за образование и наука, во Паркот на новинарите, да дискутираат за нивните идни планови и стратегии во борбата против, како што велат, лошите реформи во образованието. Од „Средношколски планум“ велат дека нивните активности ги планирале преку целото лето и дека веднаш ќе ги постават барањата до МОН, а понатамошните...

Матурантите со повисок просек од минатата година

Просечната оцена од полагањето на осмата државна матура, за 2014/2015 година во јунската сесија, по сите предмети и во сите средни училишта во Република Македонија е 3,37, соопшти денеска директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Мируше Ахмети. Годинешната просечна оцена е повисока од минатогодишната, кога средниот успех беше 3,11. Според обработените податоци, по предметот мајчин јазик и литература средната оценка е...

Државна матура ќе полагаат 17.643 ученици

Оваа година државна матура ќе полагаат 17.643 ученици, од кои 8.815 се од гимназиско образование, 8.550 од средно стручно образование и 278 од средно уметничко образование. Учениците ќе полагат екстерно три предмети, а за сите задолжителен е испит од мајчиниот јазик. На 11 јуни се полага мајчин јазик, на 15 јуни се полага странски јазик, на 17 јуни - математика, а...

Од утре почнува полагање на државната матура

Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни, а прелиминарните резултати ќе бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот тест. Сите испити ќе почнуваат во 10 часот. Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни - странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...