fbpx

Македонците од Албанија претставени на Националниот младински конгрес во Тирана

-

Етничките Македонци од Албанија првпат зедоа учество на Националниот младински конгрес во Тирана.

Македонското малцинство беше претставено преку претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, и претседателот на разгранокот на Македонското друштво „Илинден“ во Голо Брдо, Ули Халилај.

На конгресот учествуваат 50 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња.

Собирот претставува можност подобро да се запознаат младинските организации, како и да зајакне нивната соработка.

Конгресот се реализира со поддршка на Фондацијата „Фридрих Еберт“, додека од името на владата, официјално го поздрави заменик-министерот за образование и спорт на Република Албанија, Арбјан Мазнику.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...