fbpx

Македонија има капацитет за 2.000 бегалци, а се зголемува притисокот да прими многу повеќе

-

Бројот на бегалци во Грција секојдневно се зголемува, а границата е затворена. Како што соопштија македонските власти, прекинот во протекот на мигранти е по барање на Словенија, наводно поради дефект на железницата.

Притисокот за решавање на мигрантската криза секојдневно се зголемува, уште повеќе и поради фактот што од денеска Србија почна да го ограничува пропустот на мигрантите што планираат да бараат азил во Австрија или Германија. Претходно, Австрија соопшти дека ќе се обиде да го ограничи бројот на барателите на азил до 37.500 во 2016 година, што е помалку од половина од поднесените 90.000 барања за минатата година.

Денеска агенцијата „Спутник“, пренесувајќи информации на германскиот весник „Билд“, јавува дека Германија и Австрија, во соработка со македонската и со грчката влада, развиваат план да ја затворат македонско-грчката граница за бегалци, да ја опремат со систем за надгледување и да создадат „мегакамп“ во Грција за што Атина ќе добие финансиска помош од 320 милиони евра од Брисел.

Колку беглаци може Македонија да прими и каде би ги сместила?

Кон крајот на октомври 2015 година, претседателот Ѓорге Иванов на самитот во Брисел, на кој тема беше бегалската криза, истакна дека капацитетите на Македонија се да се згрижат максимум 2.000 бегалци и тоа со помош на УНХЦР и на Црвениот крст.

– Македонија е подготвена за сите сценарија, но не сакаме да дојде до тоа. Кооперативни сме да бидеме транзит-зона, бегалците да приоаѓаат и да не остануваат. Се надеваме дека нема да дојде до затворање на границите. Затоа е и свикан овој состанок, за да се најде решение. Се разговара за можни солуции и Македонија затоа учествува. За жал, не сме во ЕУ, но мора да имаме информации за да се справиме со сите предизвици со кои се соочуваме во однос на бегалците – рече Иванов.

Тој тогаш напомена дека ако која било членка ги затвори границите, тоа ќе ја усложни ситуацијата оти нашата земја и регионот немаат капацитет и можности да се соочат со толкав број на бегалци.

– Тоа за нас и за Србија, но и за Хрватска и за Словенија, кои се, исто така, премногу финансиски истрошени, ќе биде проблем – изјави тој.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, неодамна изјави дека мнозинството од тие што бегаат од војната сигурно не се поддржувачи на насилството или на терористичките групи, оти доколку беше поинаку, тие ќе останеа во Сирија или во Ирак.

– Затоа хуманиот пристап мора да биде наш императив. Но, истовремено, не може да постои компромис кога е во прашање безбедноста на граѓаните и на државата – рече Спасовски.

Низ Македонија секојдневно, според информациите на МВР, поминуваат од 2.000 до 3.000 мигранти и бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Просечните трошоци за еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, покажува најновото истражување на Форумот за образовни промени. Целта на документот „Студентска...