fbpx

Македонија и Црна Гора ќе аплицираат за воведување на системот „Пејпал“

Алиу и Дукај оценија дека дигиталната трансформација нема граници и интероперабилност и соработка помеѓу земјите се многу битни

-

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и неговиот колега од Црна Гора, министерот за јавна администрација, Мараш Дукај денес во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност.

Министерот Алиу изјави дека со Дукај разговарале за можности за соработка, за дигиталната трансформација на земјата, работата на Агенцијата за дигитална трансформација и можностите за заедничко аплицирање со проекти во Програмата „Дигитална Европа“, во која и двете земји се членки.

Алиу истакна дека системот за онлајн плаќање – Пејпал е една од можностите каде што нашите граѓани, нашата економија е многу заинтересирана.

„Северна Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од системот за онлајн плаќање Пејпал (PayPal), на предлог на самата компанија. Северна Македонија и Црна Гора наскоро ќе бидат дел од PayPal”, рече министерот Алиу.

Алиу и Дукај оценија дека дигиталната трансформација нема граници и интероперабилност и соработка помеѓу земјите се многу битни.

Црногорскиот министер, Дукај, истакна дека само преку заеднички напори може да се забрза дигиталната трансформација и да станат конкурентни со сериозните земји. Исто така, тој се осврна важноста на сајбер безбедноста. А, во тој контекст, рече дека Црна Гора веќе работи на формирањето на Регионален центар за обука на ИТ-експерти.

Двајцата министри го истакнаа и значењето на реформата на јавната администрација како столб на државите и уверенија дека соработуваат во овој процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.