fbpx

ЛП: Министерството за здравство сноси одговорност за настани во јавното здравство

-

Според Либералната партија, случајот со родилката и со бебето во гевгелиската болница е кулминација на состојбите во јавното здравство и бараат темелна истрага за случајот.

Воедно, оттаму реагираат на последното соопштение на Mинистерството за здравство, со кое оваа институција се обидува целосно да се изземе од одговорност.

– Истакнуваме дека целото здравство не може да биде одговорно за ваквите несакани трагедии, а Министерството не може да биде директно одговорно за неодговорноста на поединци доктори или медицински персонал. Но, челните луѓе во Министерството и раководствата на болниците се одговорни за отсуството на систем за квалитет и за контрола на процесите во здравствените установи, што ги причинуваат ваквите трагедии. Министерството мора да организира правила и служби кои ќе пријавуваат и санкционираат случаи на консумирање алкохол пред и за време на работа и пушење цигари во болниците од страна на вработените – реагираат од Либералната партија.

Според нив, ако причините за ваквите случаи не се санкционираат превентивно, тогаш трагичните последици се неминовни.

– Ваквите состојби, таложени со години, се причината што во рамки на подготовката на здравствената политика, Либералната партија подготвува програма за имплементација на систем на контрола на квалитетот во пружањето здравствена нега и инвестирање во многу подобри услови за работа на докторите и на медицинскиот персонал. Нашата цел е позитивно корисничко искуство на сите пациенти корисници на услугите во јавното здравство и позитивни работни услови на здравствените работници, со одржлив систем на финансирање на јавното здравство – се вели во соопштението на ЛП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...