fbpx

Лезбос: Експлозија пред канцеларијата на поранешниот министер за правда

-

Пред канцеларијата на поранешниот грчки министер за правда на островот Лезбос, утринава одекна експлозија, по која изби пожар, соопшти полицијата, додавајќи дека нема повредени.

Неименуваниот полициски претставник наведе дека нападот, најверојатно, е поврзан со бегалската криза што го погоди грчкиот остров.

Полицијата наведе дека станува збор за импровизирана експлозивна направа со плинска боца.

Експлозијата избила пред канцеларијата на Хараламбос Атанасиу, кој во владата на премиерот Андонис Самарас прво беше заменик-министер за внатрешни работи, а потоа министер за правда.

Во пожарот што изби по експлозијата, изгоре канцеларијата. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...