fbpx

ЛДП: Не може да има фер избори, ако ВМРО-ДПМНЕ има 650 милиони евра на располагање

-

Либерално-демократската партија е сериозно загрижена од темпото и од нивото на задолженост на земјава, особено по официјализирањето на намерата на власта за издавање на нова еврообврзница од рекордни 650 милиони евра, изјави денеска на прес-конференција Филип Јаневиќ, портпаролот на ЛДП.

– Овој чин на власта во заминување е погубен поради фактот што задолжувањето со еврообврзницата не е мотивирано заради продуктивна потрошувачка, туку од политички цели. Затоа како конструктивна опозиција отворено и јавно го поставуваме прашањето каква смисла имаат преговорите меѓу потписничките на Договорот од Пржино за наоѓање решение за политичката криза, кога власта под диктат на Никола Груевски се задолжува со нова еврообврзница за корупција на гласачкото тело. Оваа власт, уште еднаш, без око да ѝ трепне, не само сегашните туку и идните генерации ги турка во уште поголема беда и сиромаштија, со товар да ги плаќаат каматите од нејзините расипнички трошења – обвини Јаневиќ.

Тој додаде дека со задолжувањето Македонија се доближува до грчкото сценарио и затоа ги повика СДСМ, ДУИ и ДПА да се повлечат од преговорите за излез од политичката криза, сè додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не ја поништи срамната одлука за издавање на еврообврзница од 650 милиони евра.

– ЛДП не ја гледа смислата на продолжување на преговорите доколку на Груевски му остават на располагање 650 милиони евра пред изборите што следуваат. Нема фер избори во ситуација во кога власта со позајмени пари сака да купува гласови. Во вакви услови уште еднаш се потврдува дека изборите, кога и да се одржат, би биле беспредметни – рече Јаневиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...