fbpx

Лажна дојава за бомба приземји два авиона

-

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ принудно слетал во Истанбул по дојава за можна подметната бомба во авионот.

„Боингот 738“ летал од Истанбул кон швајцарскиот град Базел, но кога влегол во воздушниот простор на Бугарија, поради дојава за бомба, бил пренасочен и вратен на аеродромот Ататурк, потврди портпаролот на авиокомпанијата.

Полицијата и истражителите веќе почнале да го пребаруваат авионот. Ова не е единствената дојава за бомба. Ист случај утринава е забележан во авион на индонезиската компанија „Батик ер“, во кој се наоѓале 122 лица. Авионот бил принудно приземјен, а потоа бил пребаран и било утврдено дека станува збор за лажна дојава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.