СДСМ се сретна со амбасадори на ОБСЕ

Раководството на СДСМ денеска се сретна со висока делегација амбасадори на ОБСЕ.

„Сето она што мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го наведе во последниот извештај за изборите во Република Македонија, за нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудниот систем на државата, партизираноста на институциите и за загрозената слобода на медиумите, се потврди со доказите и со аргументите што ги обелодени СДСМ, согласни беа двете страни“, велат од СДСМ.

Претседателот Зоран Заев на средбата истакнал дека СДСМ го води овој процес преку ширење на „Вистината за Македонија“ до граѓаните на Република Македонија и дека за СДСМ решението на политичката криза е преодна влада, која ќе организира фер и демократски избори.

„Прислушувањето на повеќе од 20.000 граѓани од Никола Груевски и од неколкумина негови соработници е удар врз уставниот поредок на Република Македонија. СДСМ е цврсто решен да ги врати слободата и демократијата во Република Македонија. Членството во Европската унија и во НАТО се единствената алтернатива за државата“, рекол претседателот Заев.