Културното уметничко друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, освои втора награда на Меѓународниот натпревар на изворни народни песни „Бело Ленче“, кој викендов се одржа во Врање, Србија.
На натпреварот учествуваа 15 земји од Европа. Секоја од нив се престави со песни од нивното поднебје.
Изведбите на изворните народни песни ги оценуваа стручно жири, составено од неколку светски прваци на музички инструменти.