fbpx

Египет го отвора граничниот премин Рафа со Појасот Газа

-

Египет денеска повторно ја отвори границата со Појасот Газа, откако овој граничен премин беше два месеца затворен.

Граничниот премин Рафа ќе биде отворен четири дена, а Палестинците ќе можат да се движат во двете насоки.

Шефот на граничниот премин, Калед ал Шер рече дека околу 20.000 лица поднеле барања да преминат во Египет, а меѓу нив има Палестинци на кои им е потребна медицинска помош, како и студенти.

Рафа е единствениот граничен премин во Појасот Газа кој Израел не го контролира и најчесто е затворен затоа што египетската војска воведе строги гранични рестрикции откако радикалното движење Хамас ја презеде контролата брз крајбрежниот дел на Газа во 2007 година.

Египет повремено го отвора овој премин откако од власт беше соборен претседателот Мохамед Морси во јули минатата година.

Преминот годинава беше отворен вкупно 15 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...