fbpx

Кризната состојба ќе продолжи до 15 јуни следната година

-

Кризната состојба што Владата ја прогласи поради зголемениот обем на влез и на транзитирање на мигранти на територијата на Македонија, ќе продолжи до 15 јуни наредната година.

Оваа одлука ја донесе Собранието, откако од Владата беше проценето дека ќе има сè поголем број на мигранти.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, оцени дека оваа одлука е неопходна, бидејќи досегашната анализа покажала дека состојбата со зголемениот транзит на мигранти ќе трае и наредниот период.

– Кризната состојба ќе помогне и во иднина да се зголеми безбедноста и спокојството на околното население и да се обезбеди посебен третман на барателите на азил. Тоа овозможува подобра координација меѓу институциите во земјава, како и со домашните и со меѓународните хуманитарни организации. Состојбата со транзитот на мигрантите ќе се влошува бидејќи Европската унија сè уште нема пронајдено организиран одговор на овој проблем со кој се соочува светот – рече Чавков.

Низ Македонија од почетокот на годинава поминале околу 300.000 мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...