fbpx

Koвачевски: Имаме најниско ДДВ во регионот и во Европа

Мета веќе објави дека од вчера, цените на голем број производи се зголемуваат, а трговците веќе почнаа да постапуваат по новата владина одлука за зголемување на ДДВ-то за одредени групи производи од 5 на 10 проценти

-

Откако Владата ја најави мерката за производи со повисоки цени, премиерот Димитар Ковачевски денеска кажа дека листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1.600 производи, била детално прегледана од експерти и дека ДДВ-то во С. Македонија било најниско во однос на сите држави во регионот и од сите држави во Европската Унија.

„Имаме основна ставка на ДДВ 18 проценти, Србија има 20 проценти, Хрватска има 25 проценти, Грција има 21 процент, Албанија има 20 проценти, што значи дека сите имаат повисока основна даночна стапка од нашата“, рече Ковачевски.

Мета веќе објави дека од вчера, цените на голем број производи се зголемуваат, а трговците веќе почнаа да постапуваат по новата владина одлука за зголемување на ДДВ-то за одредени групи производи од 5 на 10 проценти.

Според член 30-а од Законот за данокот на додадена вредност, „повластена стапка од 10 проценти се применува врз прометот и увозот на останатите производи за човечка исхрана кои не се основни производи за човечка исхрана“. Во однос на ова, во јавноста жестоки се реакциите за поскапувањето од 5 отсто за производи од оваа листа, кои граѓаните сметаат дека се дел од основната човечка исхрана.

Листата на производи е објавена во „Службен весник“ на 28 септември, а Мета.мк ги пренесе сите 389 ставки. Меѓу нив се и различните видови сирења, кашкавал, компири, сладолед, различни видови риба, јаткасти плодови, банани, различни видови зеленчук, одредени зачини.

Компирот и бананите во иста група со кавијарот: Проверете кои „луксузни“ производи поскапуваат

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...