fbpx

Костовска: Има 15.800 лица заболени од грип, но бројката сигурно е поголема

-

Вкупно 15.800 лица заболени од грип побарале помош во здравствените установи заклучно со минатиот петок, информираше на прес-конференција државниот советник во Министерството за здравство, Јованка Костовска.

– Од податоците што ги имаме во Институтот за јавно здравје, до минатата недела се пријавиле околу 9.500 заболени од грип. Сигурно оваа бројка е многу поголема бидејќи има и такви кои не биле на лекар и се лекувале дома. Или, до минатиот петок, вкупно имаме 15.800 заболени, но оваа бројка деновиве сигурно е зголемена. Од Клиниката за инфективни болести информираат дека нема тешки случаи со последици од грипот ниту, пак, во другите инфективни одделенија во државата – изјави Костовска.

Комисијата за заразни болести донела дополнителни мерки за подобро следење на состојбата, за да се спречи ширење на грипот меѓу населението.

– Една од тие мерки е комплетна забрана за посета во болниците каде што има сместено пациенти, за спречување на ширење на грипот. Исто така, испратен е допис до сите болници и здравствени установи да преземат мерки за да има доволно здравствен кадар за преглед на пациенти, доволно лекови, санитетски материјали и сместувачки капацитети – додаде Костовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Метаморфозис се приклучува на осудите на физичкиот напад над новинарката на хрватски Фактограф

Фондацијата Метаморфозис, како членка на Европската мрежа за стандарди при проверката на факти (EFCSN), и на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) се приклучува на осудите на нападот на новинарката...