fbpx

Корона вирусот негативно влијае врз природниот прираст во земјава

-

Намалување на бројот на живородени деца, а зголемување на бројот на починати има во второто тримесечје од годинава, кога се разгоре кризата предизвикана од корона вирусот. Според новите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6,5 отсто и изнесува 4.596 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5.064 лицa, а од нив умрени доенчиња се 51.

Природниот прираст изнесува -468, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца во споредба со бројот на умрените лица.

Забележително е дека бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66,5 отсто во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1.147 бракови. Во ова тримесечје е добиен 181 извештај за разведeни бракови, што исто така е намалување во однос на второто тримесечје од минатата година.

„Мета.мк“ веќе пишуваше дека природниот прираст лани изнесуваше -601 и дека прв пат во историјата на нашата земја бројот на живородени во една година се симна под границата од 20.000 деца.

Ако се земат предвид најновите статистички податоци за бројот на живородени и починати во второто тримесечје од годинава, но и преполовениот број склучени бракови, станува извесно дека негативните трендови кај природниот прираст на населението карактеристични за минатите години ќе продолжат и во 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...