fbpx

Контраспин: За 148 години би се вградил авто-плин во сите патнички возила кај нас

-

Мерката за субвенции за вградување уреди за гас на патничките возила во земјата е мерка за почит, освен ако не се има предвид дека со динамиката од 244 илјади евра за субвенции на годишно ниво, ќе бидат потребни околу 148 години за да можат сите сопственици на патнички моторни возила да си вградат уред за чисто погонско гориво.

Државата и локалните власти еднаш мора да разберат дека чистата животна средина заслужува и да се задолжиме за да ја имаме, пишува „Вистиномер.мк“ во рубликата „Контраспин“.

Владата и министерот за економија Крешник Бетеши, промовирајќи мерка за борба против аерозагадувањето изразија задоволство, кое ако се погледне подлабоко, е непотребно затоа што мерката, де факто помага минимално, и таквиот пристап „Вистиномер.мк“ го оцени како извртување на вистината, т.е. спин.

Спинот се состои во тоа што парите што се издвоени се, де факто, капка во морето, ако се спореди бројот на регистрирани моторни возила со година на производство од 2005 до денес, чии сопственици преку мерката евентуално би биле мотивирани да вградат такви уреди.

Имено, државата одвоила 15 милиони денари или околу 244 илјади евра, а парите се доволни само за околу 900 возила од 145 илјади патнички моторни возила што се регистрирани со година на производство од 2005 – 2018 година (за 2019 сè уште нема податоци).

Целиот текст прочитајте го тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...