Британската компанија „Ленд ровер“ подготвува жалба против кинеските власти откако британската компанија „Ленд винд“ на кинескиот пазар го промовираше моделот „ленд винд X7 SUV“.

Претставниците на „Ленд ровер“ се револтирани од фактот што „ленд винд X7“ според дизајнот неверојатно наликува на популарниот британски модел „ренџ ровер ивок“. Британскиот произведувач смета дека станува збор за крадење интелектуална сопственост, поради што со своите кинески партнери разгледува опции како да се „справат со ситуацијата“.

– Разочарувачки е фактот што ваквото копирање и понатаму продолжува во Кина. Едноствано, вакви работи не треба да се случуваат. Интелектуалната сопственост му припаѓа на „Јагуар ленд ровер“, а кога ќе ја прекршиш интелектуалната сопственост, истовремено го кршиш меѓународниот закон кој се однесува на ова – вели Ралф Спет, извршен директот на „Ленд ровер“.

Спет соопшти дека ќе разговараат со своите кинески партнери за наоѓање решение за ситуацијата.

– Не верувам дека кинеските власти ќе бидат премногу среќни што некој вака го нарушува кредибилитетот на државата. Тоа што денеска го видовме, воопшто не е коректно – вели Спет.