Американскиот државен секретар, Џон Кери, обраќајќи се во Стејт департментот рече дека милитантите на Исламска држава извршиле геноцид против христијаните, Јазидите и другите етнички групи во подрачјето што го држат под контрола.
– ИД е геноцидна сама по себе, според идеологијата и дејствувањето, според тоа во што верува и што прави – рече Кери.
Американскиот државен секретар во Вашингтон рече дека ИД е одговорна за злосторства против човештвото и за етничко чистење на сунитите, Курдите и на други малцинства.