fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во операција да ја прогласи Македонија за фантомска држава

-

„ВМРО-ДПМНЕ ја осудува најновата операција на СДСМ и медиумите контролирани од партијата и од Сорос кои тргнаа во операција за прогласување на Македонија за фантомска држава. СДСМ веќе не може да го сокрие стравот од изборите на 5 јуни и мора да прибегнува кон сè поголеми лаги и манипулации за да се оправда за фактот дека нема поддршка од граѓаните за својата деструктивна политика“, се вели во реакцијата на владејачката партија по информациите во медиумите дека вкрстената проверка во избирачкиот список покажала речиси половина милион спорни гласачи.

„СДСМ на почеток почна со спорење на гласот на 1.000 граѓани, па го зголемија бројот на неколку десетици илјади, па потоа одеа со број помеѓу 150.000 и 200.000 граѓани за да дотуркаат до 500.000 граѓани кои се спорни за нивните медиуми. Како што се зголемува стравот и паниката во СДСМ, така се зголемува и бројот на граѓани кои се спорни за СДСМ и нема да нè зачуди доколку во наредните недели тој број порасне на 2 милиони. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и на лагите што секојдневно се лиферуваат од СДСМ и од неговите медиуми и истите да ги зема со резерва. Единствената намера на СДСМ е да се креира хаос, тензија и криза бидејќи партијата може да егзистира само во такви услови“, стои во соопштението од владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...