fbpx

Касулидис: ЕУ не е лек за сите проблеми на Македонија

-

Кипарскиот министер за надворешни работи, Јоанис Касулидис, вчера на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Луксембург изјавил дека е погрешно да се мисли оти Европската Унија е лекот за сите проблеми со кои Македонија се соочува.

Касулидис истакнал дека ситуацијата во Македонија предизвикува загриженост и оти луѓето имаат право да побараат решение за нивните проблеми.

– Би било погрешно да се мисли дека ЕУ е лек за сите проблеми на ФИРОМ– рече Касулидис, истакнувајќи дека, пред сè, земјата сама треба да ги преземе неопходните мерки.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на вчерашната средба истакнал дека главниот проблем на Македонија е недостигот од демократија, но истовремено се спротивставил на идејата за воведување санкции поради политичката криза, истакнувајќи дека тоа ќе биде контрапродуктивно.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера не донесоа никакви заклучоци за политичката криза, но порачаа дека политичарите во Македонија мораат да се заложат за отворен дијалог и дека треба целосно да се имплементира Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...