fbpx

Камерон: Ќе удриме на џихадистите каде и да се наоѓаат

-

Британскиот премиер Дејвид Камерон, при посетата на Џакарта, изјави дека е подготвен да нареди покренување воздушни напади на џихадистите на Исламска држава во Либија и во Сирија, но и секаде на друго место, за да се спречат нападите на улиците на британските градови.

– Доколку постојат закани по Велика Британија или нашите луѓе, тоа и ќе го направиме со итна акција. Како премиер, секогаш сакам да преземам слични акции и тоа ќе го направам без разлика дали имаме проблеми во Либија, Сирија или на некое друго место – изјави Камерон по доаѓањето во Индонезија.

Велика Британија во август минатата година го подигна нивото на предупредување на тероризмот на втор највисок степен.

Камерон и индонезискиот претседател Џоко Видодо разговарале за начините на кои овие две земји можат да соработуваат во борбата против исламистите.

Велика Британија веќе учествува во воздушните напади на положбите на Исламска држава во Ирак, а Камерон најави дека ќе настојува следната година да добие поддршка од парламентот за проширување на мисијата и на Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...