fbpx

Тетовски населби 24 часа без вода

-

Повисоките тетовски населби се соочуваат со прекини во водоснабдувањето во текот на целото деноноќие. Велат дека мора секојдневно да полнат шишиња и буриња со вода, кај нивни роднини и пријатели што живеат во долниот дел на Тетово, каде вода има само неколку часа во текот на денот.

– Јас живеам во горниот дел на градот, ние немаме вода и зиме, но сега состојбата е катастрофална и сме принудени секојдневно да полниме вода – вели жител на градот.

Тетовци велат дека вообичаено е да нема вода во повисоките населби, но сега речиси во текот на целиот ден нема вода и во центарот на градот.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека поради нерационално користење на водата, градот се соочува со проблеми во водоснабдувањето.

– Водата во Тетово во овој период од годината, кога е многу топло, се користи за миење улици, за полевање бавчи и слично. Деновиве комуналните инспектори ќе излезат на терен и ќе почнат со изрекување соодветни казни за сите граѓани кои нерационално ја користат водата за пиење – вели Самедин Абедини, раководител на секторот за водовод и канализација при ЈКП Тетово.

Моменталната штедрост на планинските извори, од кои Тетово се снабдува со вода за пиење, изнесува 400 литри вода во секунда, што е доволно да се задоволат потребите на тетовци, во услови кога водата не се злоупотребува.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...