fbpx

Тодоров: Ќе се гради нова болница во Куманово

-

Ќе се гради нов ургентен центар во Куманово, во рамките на Општата болница, а веќе е изработен идејниот проект, објави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

– Објектот ќе се состои од приземје и од кат со површина од околу 600 квадратни метри и ќе се гради до местото каде се наоѓаат постојните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел, така што овие објекти ќе се поврзат и ќе се добие една целина на нов ургентен центар. Во ургентниот центар ќе има комплетна дијагностика и за хируршки и за интернистички ургентни состојби, со што во објектот ќе бидат поставени и рендген-апарати и апарат за компјутеризираната томографија. Новиот ургентен хируршки центар ќе содржи: итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, ортопедска амбуланта, уролошка амбуланта, анестезиолошка амбуланта и други простории. Ова ќе биде дополнително на веќе постојните амбуланти на интернистичкиот оддел – додаде Тодоров.

Станува збор за инвестиција од нешто повеќе од 20 милиони денари, која, според министерот, се очекува да биде завршена до крајот на 2016 година.

Министерството за здравство веќе распиша тендер и почна постапка за набавка на нова опрема во вкупна вредност од околу 20 милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...