fbpx

Јолевски во работна посета на САД, се сретна со Хојт Ји и со Дуе

-

Министерот за одбрана Зоран Јолевски при работната посета во САД се сретна со Петер Дуе, директор на Одделот за мировни операции за Азија, Блискиот Исток, Европа и Латинска Америка на Обединетите нации, и со Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар.

Јолевски на средбата со Дуе разговарал за идните планови за учество на припадници на АРМ во Мировните операции на ОН, како и за состојбите во Сирија и во Ирак и за бегалската криза.

На средбата со Хојт Ји, Јолевски го уверил дека Владата има цел изборите на 11 декември да бидат бидат фер и демократски, а дека евроатлантските интеграции се врвен надворешно-политички приоритет за Република Македонија.

Хојт Ји истакнал дека доколку изборите на 11 декември се фер и веродостојни, САД ќе ја поддржи Владата на Република Македонија во нејзините евроатлантски интегративни процеси.

Вечерва во Институтот за мир на Соединетите држави во Вашингтон, ќе се одржи традиционалниот концерт за Денот на благодарноста кој го слави пријателството меѓу граѓаните на САД и на Македонија, на кој ќе настапат македонските уметници, пијанистот Дуке Бојаџиев и кларинетистот Исмаил Лумановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...