fbpx

Јавна расправа за уредување на просторот во старото градско јадро

-

Општина Охрид по барање на жителите на улицата Кузман Капидан во Охрид, денеска ќе организира јавна расправа за уредување на просторот во старото градско јадро.

Граѓаните предлагаат да се исече целиот дрворед и да се засади нов, а целиот простор хортикултурно да се уреди, како и да се постават клупи и канти за отпад, додаваат од Општина Охрид.

Жителите од оваа улица и другите граѓани можат да учествуваат во јавната расправа и да ги изнесат своите ставови и размислувања во врска со уредувањето на оваа улица, која е главен приод до Светиклиментовата црква на локалитетот Плаошник.

– Група граѓани, жители на улицата Кузман Капидан, до градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот, Советот на Општина Охрид, како и до инспекциските служби и до Комисијата за преземање мерки и активности за отстранување дрва на територијата на Општина Охрид, доставија барање за ургентно санирање на дрворедот на споменатата улица – информираат Општината.

Оттаму додаваат дека во барањето жителите наведуваат оти дрвата се стари 60-70 години, некои од нив се исушени, деградирани и енормно високи. Истакнуваат дека најголеми проблеми настанале минатата зима по обилните снежни врнежи, при што паднале повеќе гранки и оштетиле дел од покривите и од олуците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот...