fbpx

Штип – домаќин на Европско првенство во сумо-борење

-

Европската федерација на сумо-борење, организацијата на Европското првенство му го довери на Штип. Во претстојниот викенд, (12, 13 и 14 јуни) во салата „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се одржи првенството, со учество на сумо-борачи од неколку европски земји.

На првиот ден од првенството (12 јуни) ќе се одржат мерењата и основните подготовки на учесниците, додека следниот ден почнуваат борбите.

В недела ќе се одржат финалните борби и доделувањето медали. Оваа година, првпат ќе има и натпреварувачки во женска конкуренција, што значи, невообичаените за овие простори, борби на сумо-борачки, публиката во живо ќе може да ги проследи во Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ со осуда за обидот за цензура од директорката на Клиниката за токсикологија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во...