fbpx

„Јадро“ покрена иницијатива за јавно-цивилно партнерство

-

Асоцијација на независната културна сцена „Јадро“ покрена иницијатива за формирање мешовита установа, хибридна институција која ќе биде првиот пример за јавно-цивилно партнерство во Македонија. Овој модел, кој е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа, составена од организации, поединци и од неформални групи, обезбедува суштинска децентрализација на моќта и обезмоќување на досегашните практики на партиски влијанија.

Членовите на „Јадро“ денеска во ЕУ Инфоцентар организираа јавна расправа, на која беше презентирана политичката и економската оправданост на овој модел.

Искра Гешкоска, претседателката на „Јадро“, вели дека на културното поле доминираат јавните институции како театри, музеи, во кои се насочени сите јавни финансиски влогови. Оправданоста на таквите вложувања во јавните институции не само што не се преиспитува, туку се подразбира.

– Ваквиот систем и практики резултираат во некритичко дејствување и со клиентелистички односи, кои културата ја затвораат во себе и ѝ го одземаат општественото влијание. Јавниот сектор е под контрола на еден единствен основач, што, всушност, значи дека е под контрола на власта, а овој модел што ние го предлагаме, е нешто сосема друго. Нема еден основач, постојат два основачи. Затоа инсистираме на партнерство помеѓу локалната самоуправа и, во случајов, „Јадро“, односно организациите и поединците на граѓанскиот сектор – вели Гешкоска.

Моделот е резултат на тимската работа на членовите на „Јадро“, во консултација со Емина Вишниќ и со Теодор Целакоски, како експертска поддршка од Загреб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...