fbpx

Израелските сили се повлекоа од Џенин на Западниот брег

Локалните медиуми го цитираа портпаролот на израелската војска Даниел Хагари дека сите војници го напуштиле Џенин и дека операцијата е завршена

-

Израелските сили се повлекоа од градот Џенин на Западниот брег откако претходно ја извршија една од најголемите воени операции на окупираниот Западен брег во изминативе години, пишува Гардијан. Како резултат на ваквите дејствија, досега животот го загубија 12 Палестинци и еден израелски војник.

Локалните медиуми го цитираа портпаролот на израелската војска Даниел Хагари дека сите војници го напуштиле Џенин и дека операцијата е завршена. Сведоците во Џенин изјавија дека виделе конвои со израелски воени возила како го напуштаат градот доцна синоќа.

Во меѓувреме, палестинските милитанти во појасот Газа истрелаа пет ракети кон Израел рано утрово, кои беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана без предизвикани жртви. Израел соопшти дека неговите авиони погодиле подземен објект за производство на оружје во Газа како одговор на ракетните напади.

Палестинското Министерство за надворешни работи ја означи ескалацијата на состојбата од страна на Израел како „отворена војна против народот на Џенин“. Наспроти ова, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посети воена база во близина на Џенин, ветувајќи дека ќе го искорени тероризмот.

Инаку, поради операцијата на израелските сили од Џенин беа евакуирани 500 семејства од тамошниот камп за бегалци, кои почнаа да се враќаат назад откако израелските војници го напуштија градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...