fbpx

Изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожар и Берово

Во Скопје претпладне времето ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време

-

Во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд од 47 литри на метар квадратен наврна во Пожар, во близината на Радовиш информираше утрово Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Берово наврнало 31 литри на метар квадратен, потоа 26 во Штип, 24 во Скопје-Зајчев Рид, 22 во Ѓуриште, 21 во Демир Капија и Крива Паланка, 19 во Скопје-Петровец и Охрид, 17 во Тетово, 16 во Струмица, 15 во Прилеп, 14 во Виница и Претор, 13 во Попова Шапка и Кавадарци, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 8 во Пожаране, 4 во Битола и Велес, 3 во Гевгелија и Дојран и 1 Тополчани.

Според УХМР поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Најниска температура во текот на ноќта е измерена во Лазарополе 8 Целзиусови степени, а во Гевгелија и Дојран 20.

Во Скопје претпладне времето ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...