fbpx

Изгубените печати од ДИК ќе се заменат со нови и поинакви

-

Печатите што недостигаат во Државната изборна комисија ќе бидат заменети со нови, информираат од ДИК. Оттаму уверуваат дека пред изборите се прави попис на изборниот материјал за да се провери што се недостига или не функционира и сето тоа се надоместува или се поправа. Според информациите од ДИК, недостигаат печати од избирачки места во Сопиште, Бутел, Брвеница и во Липково.

„Тоа не значи дека тие 40 печати се украдени. Можеби воопшто не се вратени по претходните избори. Но, во случај кога недостигаат или има оштетени печати на општинските изборни комисии или на изборните единици, тие се прогласуваат за неважечки и се изработуваат нови печати, кои секогаш се поинакви од претходните. Секој печат за кој ќе се констатира дека го нема, се заменува со нов, со ознака која е поинаква од претходната“, информираат од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции во првиот „предизборен“ квартал на ниво од 14,5 отсто – дел од ресорите со 0 реализација

Министерства кои располагаат со буџети за капитални расходи што се бројат во стотици милиони евра, во првиот предизборен квартал од годинава испорачале лазечки стапки на реализација, пишува Порталб.мк. Новите...