fbpx

Избрани најдобрите банкарски работници во РСМ, Мимоза Каса Јашари: Со волја се постигнува сé!

-

Вработените во банките се во категоријата на оние кои што се најмногу изложени на ризикот од корона вирусот, додека се на должност. На Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, на најдобрите работници во банките на РСМ, им беа доделени награди, а Мимоза Каса Јашари е избрана за една од најдобрите. Јашари, во изјава за Порталб.мк рече дека и покрај предизвиците во периодот со пандемијата, волјата за работа секогаш била присутна, пишува Порталб.мк.
На Светскиот ден на штедењето, целта е да се подигне масовната свест за важноста на заштедите и за современите светски економии и за поединците. На овој ден, луѓето се потсетуваат на важноста на заштедите за глобалната економија и придонесот на секој штедач во нивниот развој. На онлајн настанот за одбележување на овој ден и на доделувањето на наградите за најдобрите вработени во банките, присуствуваше и министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на Народната банка на РСМ, Анита Ангеловска Бежовска и други. Бесими рече дека и покрај временските предизвици, довербата на граѓаните на РСМ во државниот финансиски систем е на високо ниво.
„Податоците покажуваат дека дури и во времиња полни со предизвици, довербата на граѓаните на РСМ во државниот финансиски систем е на високо ниво. Ова е резултат на макроекономската и финансиската стабилност, добро дизајнираните регулативи и претпазливо однесување на банките“, рече, меѓу другото, министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Мимоза Каса Јашари од Тетово, од страна на Македонската банкарска асоцијација на Северна Македонија беше една од избраните, најуспешни банкари во земјава, и во изјава за Порталб.мк, таа ги охрабри сите вработени да не ја губат волјата за работа и покрај предизвиците низ кои поминува светот, бидејќи, како што рече, сè се наградува.
„Без оглед колку беше тешка и со разни последици оваа 2020 година, оценувањето и признавањето за една од најдобрите банкарски вработени во земјата, од Македонската банкарска асоцијација на Северна Македонија, беше најубавото нешто во овој период. Вистина е дека напорната работа и посветеноста на крајот секогаш се наградуваат“, изјави Мимоза Каса Јашари.
Сите сме сведоци на долгите редици пред банките во последните месеци, и на прашањето, каков впечаток остави тоа кај Мимоза и дали се чувствувала исплашена за нејзиното здравје и за здравјето на семејството, таа ја истакна важноста од почитување на мерките.
„Мора да признаеме дека стресот и стравот од вирусот ковид-19 веќе станаа неизбежен дел од нашата секојдневна работа, но со почитувањето на заштитните мерки и со максимално внимание при обезбедувањето на услуги, досега сме успешни“, додаде Мимоза Каса Јашари.
Таа, на сите работници кои се на фронтот во текот на овие изминати месеци, им порача: „Да ја одржиме позитивноста, со цел што побрзо да се вратиме во нормала и да немаме последици и по пандемијата“. Додаде дека со почитување на заштитните мерки донесени од Владата, можеме да успееме во тоа, без да се соочиме со непожелни проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...