fbpx

ИВЗ против законите за родова еднаквост и матична евиденција

„Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа, за ИВЗ е неприфатлива. Според информациите што ги имаме за спорните закони, тие се повлечени од понатамошни процедури во Собранието и за тоа и честитаме на Владата за таквиот чекор“, стои во соопштението на ИВЗ

-

За Исламската верска заедница (ИВЗ) се неприфатливи законите за родова еднаквост и матична евиденција. Напоменуваат дека се за заштита на традиционалните семејни вредности и по структура и по морал. Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се дистанцираме, бидејќи тоа е сржта на едно здраво општество, се наведува во денешното соопштение на ИВЗ.

ИВЗ претходно излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верски заедници во земјава, донесена како резултат на заедничката средба на 7 мај годинава, нагласувајќи дека предметните закони кои се спротивни на верските начела не можат да ги поддржат.

Од ИВЗ порачуваат секогаш ќе ги бранат националните, верските, моралните и духовните вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество.

„Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа, за ИВЗ е неприфатлива. Според информациите што ги имаме за спорните закони, тие се повлечени од понатамошни процедури во Собранието и за тоа и честитаме на Владата за таквиот чекор“, стои во соопштението на ИВЗ.

Инаку, непосредно пред вечерашниот собир пред Соборниот храм во Скопје, преку видео порака се обрати и епископот Стобиски Јаков, во кое вели дека црквата изразува протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост. МПЦ-ОА повика и на присуство на претставници и верници од другите верски заедници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...