Најавена e следната експанзија за „Guild Wars 2“ наречена Secrets of the Obscure. Иако претходно беше најавено дека „Guild Wars 2“ ќе се развива во насока така што ќе има повеќе кратки и евтини експанзии, сепак, девелоперите „ArenaNet“ се предомислија и решија да го сумираат својот труд во експанзија со “нормална” големина, која ќе има и дополненија во секој квартал од понатамошната година. Во новата експанзија се најавени неколку долгоочекувани промени коишто играчите ги бараа – односно креаторите ги послушаа советите и сугестиите од заедницата на играта и ги имплементираа промените што беа најбарани. Секако ќе има и нова приказна која ја наговестува трејлерот за експанзијата. Повелете и погледнете го првиот трејлер:
Како првичен коментар за трејлерот можат да се забележат две референци, од кои едната потсетува на Окото што го претставува Саурон во филмовите “Господарот на прстените“ и втората референца – летачкиот град на волшебници на полу-астероид што потсетува на ист таков град од „World of Warcraft“ наречен Даларан уште во далечната и од многу играчи прогласена за најдобра експанзија „Wrath of the Lich King“ која моментално се игра во „Classic WoW“ верзија. Воедно, Даларан фигурира во експанзијата Legion што е маркантна по појавата на „Демонхантер“ класа, а “Демонхантер” (Ловец на демони) е една од титулите што се добива со преднарачка на оваа „Guild Wars 2“ експанзија. Додека „WoW“ ја имитираше „Guild Wars 2“ со летањето змејови (за што може да прочитате во овој напис), сега тркалото се свртило и „Guild Wars 2“ имитира, меѓу другото, и делови од „WoW“.
Во експанзијата ќе фигурираат две нови големи зони проследени со трета зона во понатамошни надградби наречена Wizard’s Castle. Што се однесува до новите карактеристики, ќе биде застапена !Weaponmaster Traning„ карактеристиката. Ова значи дека, доколку ги поседувате претходните експанзии, сите дополнителни отклучени или оружја за отклучување од сите елитни специјализации за одредена професија, стануваат дел од „Core“ користените оружја за секоја професија. На пример, ако имате Гардијан ќе можете да го користите долгиот лак поради Дрангонхантер специјализацијата во комбинација и со друга специјализација дури и да не сте ја отклучиле Драгонхантер специјализацијата. Секако, ќе има неколку задачи во играта. Практично, да не набројуваме професија по професија, сите ќе можат да ги користат оружјата од своите претходни елитни специјализации, како и најновите додадени оружја кои ќе мора да ги наведеме како новитети, а тие се: пиштоли за Гардијан во двете раце, септер за Ревенант во “мејн хенд”, стап за Вориор, краток лак за Инженер, секира во главна рака за Тиф, секира за Елементалис, пушка за Мезмер и мечови за двете раце за Некромансер.
Кога станува збор за новите козметички додатоци, најавени се два нови типа на оклоп, а, воедно, и легендарен оклоп за „лајт“, „медиум“ и „хеви“ армор, којшто, како во „Guild Wars 1“, ќе се вика „Obsidian Armor“. Во „Guild Wars 1“ Обсидијан оклопот беше најскапиот и најтешкиот оклоп што можеше да се земе воопшто во играта и потребни беа години и години грајнд да се достигне за да се има цел сет. Девелоперите велат дека сега во „Guild Wars 2“ Обсијан оклопот ќе се заснова на повеќе интеракција со светот и ќе биде релативно полесен за достигнување и крафтање од сегашните постоечки легендарни оклопи кои се земаат преку рејдови или „пвп“ активности што бараат посветен ангажман на играчите. Ова се првичните слики за Обсидијан легендарниот оклоп:
Ако направите преднарачка на играта сега, ќе ги добиете следниве бонуси: “Demon Hunter” титула, „Arcane Spellweavers’ Hat“ скин и„ Eagle Eye“ оружје по ваш избор. Овие бонуси можете да ги отклучите уште сега во игра откако ќе ја купите експанзијата предвреме. За дополнителни бонуси на различните верзии – стандардна, „делук“ и „ултимејт“ – можете да видите информации на главниот сајт на играта.
И за крај, најдобрите вести се што ќе може и да се пробаат новитетите од новата експанзија во отворената „бета“ верзија која ќе трае од денес, 29 јуни до 2 јули.
Експанзијата за „Guild Wars 2“ наречена Secrets of the Obscure излегува на 22 август. Стандардното издание ќе се продава за 25 евра, „делукс“ за 50 евра, а „ултимејт“ – со сите можни бонуси – за 75 евра.