Дали новата експанзија на World of Warcraft навистина е имитација на Guild Wars 2?

Скриншот од Трејлер за WoW Dragonflight
Скриншот од Трејлер за WoW Dragonflight

Моментално се наближува излегувањето на најновата World of Warcraft експанзија Dragonflight која се очекува на 28 ноември 2022 оваа година. Но, на социјалните мрежи почнаа да се шират постови колку многу е имитирана Guild Wars 2 и тоа нејзината верзија од 2012 година до денес.

Механиките што можете да ги правите со јавање на змеј се идентични со оние на Guild Wars 2, а тоа најдобро го илустрира следното видео што ги споредува двете игри и прикажаното јавање на змеј. Видеото е превземено од јутуберот Asmongold што е познат како страствен WoW играч.

 

За волја на вистината на социјалните мрежи можат да се најдат постови што ја бранат WoW. Се вели дека во WoW многу полесно се стига до јавачките змејови отколку во Guild Wars 2 и тие се пристапни во раниот развој на ликовите.

Во Guild Wars 2 само посветените играчи имаат чест да поседуваат Skyscale односно змеј за јавање и со него можат слободно да летаат по мапите на целата игра. Иако земањето на змејот е тешка задача што бара многу т.н. фармање, со најновите пачови тоа е многу полесно и пократко, но сè уште преставува предизвик. 

Компанијата Близард е позната по повеќе инциденти кои вклучуваат сексуална злоупотреба, поради што беа направени повеќе измени, а и повеќе лица да си заминат. Исто така, дел од ликовите во играта World Of Warcraft базирани на вработени беа трајно избришани.  

Потоа се случи и инцидент со кинескиот претседател, кој наводно бил навреден од тимот на Diablo Immortal на кинеските социјални мрежи, поради што играта беше привремено стопирана за продажба.