fbpx

Иванов: Недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем

-

Претседателот Ѓорге Иванов на вонредниот самит на лидерите на процесот Брдо-Бриони, кој се одржа денеска во Загреб, рече дека недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем.

„Земјите од регионот соработуваат во многу сфери, но не и во безбедноста, а сè е условено од безбедноста и од стабилноста. Тоа е последното предупредување дека земјите од регионот треба неодложно да ја максимизираат соработката во сферата на безбедноста“, рече Иванов.

Учесниците оценија дека актуелната криза со мигрантите претставува предизвик без преседан како од хуманитарен, така и од безбедносен аспект, кој бара дијалог и согласност за подобро да се заштитат надворешните граници на ЕУ и значително да се олесни притисокот на бегалците врз погодените држави.

Лидерите што учествуваат на процесот Брдо Бриони ја обновија посветеноста кон градењето доверба, развојот на билатерален и регионален дијалог и кон помагањето, помирувањето и соработката.

Во заклучоците на самитот е истакнато дека е неопходен редовен дијалог на оперативно ниво меѓу САД, Европската унија и земјите од Југоисточна Европа за успешно спротиставување на глобалните безбедносни закани.

Учесници на процесот, освен лидерите на државите од Западен Балкан, беа и американскиот потпретседател Џо Бајден, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и лидерот на Австрија, Хајнц Фишер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...