fbpx

Оливер Спасовски му вети на ЗНМ дека ќе ги расветли нападите врз новинари

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со Насер Селмани и со Столе Наумов, претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

На средбата се разговарало за нападите врз новинари и врз медиумите што се случија во изминатиот период.

Како што пишува во соопштението на МВР, Спасовски и претставниците на ЗНМ се согласиле дека нападите врз новинари претставуваат директен напад врз основното право на граѓаните да бидат информирани и тие не смеат да бидат толерирани.

Спасовски истакнал дека во интерес на почитување на демократските принципи, ќе бидат преземени сериозни мерки за итно расветлување на овие инциденти.

Исто така, министерот изразил подготвеност на Министерството за внатрешни работи за понатамошна соработка со ЗНМ, за да се обезбедат достоинствени услови за вршење на новинарската професија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...