fbpx

Иванов на Самит на климатски промени во Париз

-

На отворањето на 21. Самит за климатски промени, што се одржува во Париз, од денеска до 11 декември ќе учествува претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Иванов ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на Самитот за климатски промени. Самитот ќе биде свечено отворат од претседателот на Франција, Франсоа Оланд, и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

На парискиот самит за климатски промени се очекува првпат по 20 години преговори во ОН, да се усвои правно обврзувачки меѓународен договор за борба против климатските промени, чија цел e глобалното затоплување да не биде поголемо од 2 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...